Македонија
25. September 2020 - 9:32

МВР со детали за инцидентот во Степанци

На 24.09.2020 околу 20 часот на место викано Кисела вода во атар на село Степанци, Велес при преземање на мерки против лица што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници, а напаѓачите употребиле и тврди предмети. Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички центар во Скопје,а четворица полициски службеници се здобиле со повреди.  Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Горан Симоновски