Македонија
26. April 2019 - 12:43

МВР со детали за убиството во Рашче

Во 15 часот синоќа на влез во селото Рашче-Скопје, додека 69-годишниот Ш.Џ. од Сарај  се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило.

За жал, Ш.Џ. починал на местото на настанот.

Извршен е увид од страна на Јавен обвинител  и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.