Македонија
27. October 2017 - 16:11

МЗ: Земени дополнителни мостри за испитување на квалитетот на водата во Гостивар

Министерството за здравство соопшти дека денеска од страна на Институтот за јавно здравје на Република Македонија се земени дополнителни мостри за испитување на квалитетот на водата во Гостивар, во однос на бактериолошка исправност, периодично физичко-хемиска, како и анализа на резидуи од пестициди.

Резултатите од анализите се очекуваат на почетокот на следната недела, информираат од Министерството.