МЖ Транспорт доби нова електрична локомотива
МЖ Транспорт ад Скопје го обнови возниот парк со нова електрична локомотива од кинеската компанија ЦРРЦ. За пуштање во сообраќај на локомотивата железничкото претпријатие доби решение од Управата за сигурност во железничкиот сообраќај.
– Локомотива е дел од четирите електрични локомотиви што ќе пристигнат во текот на оваа година од производителот ЦРРЦ – Кина, а се дел од проектот за обновување на возниот парк на МЖ Транспорт АД-Скопје, финансиран од страна на ЕБОР и Владата, информираат од МЖ Транспорт.
Оттаму потенцираат дека набавката на локомотивите ќе го зголеми возниот парк што ќе доведе до скратување на времето на превоз на товарните вагони, доверливост во транспортот и зголемен обем на работа во нашата компанија.
Инвестицијата во новите локомотиви, според потпишаниот договор со ЦРРЦ, изнесува осум милиони евра. Од кинеската компанија претходно беа набавени и шест нови патнички гарнитури.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра