Loading Video...
Кошарка
24. February 2020 - 16:35
МЗТ Скопје Аеродром ја прекина соработката со Морнар и Радуловиќ
Од таборот на Аеродромци информираат дека од денеска и официјално, дека ја прекинале соработката со Србинот, Бојан Радуловиќ и Хрватот, Марин Морнар, со кои спогодбено се раскинати договорите.
Веќе подолг период ова и беше најавувано, но сега и официјализирано, а доаѓа во пресрет на решавачкиот дел од сезоната, како во домашните натпреварувања така и во АБА 2 лигата.
Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.
По репрезентативната пауза МЗТ Скопје Аеродром веќе во четврток го очекува нов натпревар и тоа во АБА2 лигата кога во „Јане Сандански“ ќе го пречека белградски Динамик, додека во продолжението на домашното првенство претстојниот викенд, МЗТ ќе го одигра вечното дерби со Работнички
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->