Loading Video...
Кошарка
21. January 2020 - 15:10

МЗТ Скопје на гостување кај Сплит во дуел од АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостуваат во Сплит кај истоимената хрватска екипа во натпревар од АБА 2 лигата. Дуелот Сплит и МЗТ Скопје Аеродром е прво од 17.коло. 
 
Македонскиот првак во овој меч влегува како фаворит имајќи в предвиде дека со скор од 12 победи и 4 порази е на второто место на табелата, додека кошаркарите на Сплит се шесто рангирани со 4 победи помалку. 
 
Во првиот меѓусебен дуел одигран во Скопје, МЗТ забележа победа со 70-64.
 
Тренерот на сино-белите Ѓорѓи Кочов смета дека ги очекува тешко гостување, на кое сигурно македонскиот првак ќе бара своја шанса за нова победа. 
 
„Сплит пред сезоната беше мој фаворит во борбата за највисок пласман, бидејќи има квалитетен и талентиран состав, а доказ за тоа е и неодамнешната победа над Цибона. Свесни сме дека противникот ќе стори се за да не победи, бидејќи тоа им е неопходно во борбата за плејофот. Но, без разлика што Сплит е засилен во однос на првата средба, ние не патуваме во Хрватска со бело знаме. Ако успееме да го контролираме резултатот за да бидеме во егал-ситуација до самиот крај и ако го исконтролираме скокот, тогаш ќе имаме добри шанси да се вратиме со триумф“, вели Кочов.
 
Натпреварот меѓу Сплит и МЗТ Скопје Аеродром ќе започне во терминот од 19 часот.