Живот
7. October 2021 - 8:40

На 112 години, почина највозрасниот Французин

– Жил Теобалд, највозрасниот Французин почина денеска на 112-годишна возраст, во својот дом во Фор-де-Франс на островот Мартиник. Тажната вест ја објави неговото семејство.

Теобалд, кој бил рибар, е роден на 17 април 1909 година.

Последното интервју го имаше во 2019 година, кога раскажа за неговата младост, работа и детство. Прашан за возраста, тој на шега рече – „Ако некој ме праша, би можел да живеам и 200 години“.