На Бадник изгоре куќа во Крива Паланка, двајца пожарникари вдишале чад
Десет пожарникари и четири протиивпожарни возила го гаселе големиот пожар кој избувнал на Бадник во семејна куќа на улицата 8 Октомври, во населбата Маневци во Крива Паланка.
Командирот на Територијалната противпожарна единица Иле Коцевски, информира дека во празничниот продолжен викенд целата единица била мобилизирана на шести вечерта.
Поради специфичноста на пожарот и неможноста преку замрзнатиот кров да се направи вентилација, од четири екипи пожарникари, двајца вдишале чад.
- Дојавата е примена на Бадник во 21 часот и 16 минути и упатено е едно возило со тројца пожарникари. Веднаш е побарана мобилизација на цела единица, а за пет минути дојдоа уште две возила и пет пожарникари. На лице место затечен е станбен објект со зафатен покрив, со лимена конструкција, а една екипа интервенираше со внатрешен напад и две во обид да направат вентилација на покривот, но поради цврстата конструкција не се направи. Лицата од објектот на време се евакуирани и спасени се поголем дел мебел и покуќнина, истакна Коцевски.
Ова е прв пожар годинава, а за жал беше од поголеми размери, со голема материјална штета.
- Во интервенцијата се употребени 16 боци со кислород,а двајца од вкупно десетте пожарникари кои учествува во интервенцијата поради вдишување чад беа пренесени во Здравствен дом Крива Паланка, каде им е укажана првз помош, додаде Коцевски.
Пожарот бил локализиран во 3 часот на седми јануари, а истиот ден во 9 часот и 30 минути е ликвидиран.
Интервенцијата е целосно завршена во 11 часот и 30 минути, а е втора по една техничка од почетокот на 2018 година.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина