Македонија
17. October 2021 - 19:51

На едно гласачко место во Лабуништа ќе се гласа до 22 часот

На едно избирачко место во струшкото село Лабуништа гласањето е продолжено за речиси три часа.

Претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута информира дека ваквата одлука е донесена поради ненавремено почнување на изборниот процес утрово.

– Поради проблем со апаратите за отпечатоци, на едно избирачко место во Лабуништа гласањето почна подоцна и затоа сега се продолжува до околу 22 часот, изјави Жута.

Во Останатите 100 избирачки места гласањето, според него, е завршено во 19 часот. Освен проблемите со апаратите за отпечаток на прстот, други проблеми не се регистрирани во Општинската изборна комисија.