Македонија
31. October 2021 - 18:56

На гласачко место 0543 во Дебар излезноста до 18:30 часот 67,9 отсто

Изборниот тек на гласачкото место 0543 во Дебар, каде се прегласуваше и за градоначалник и за советници има многу повисока излезност споредно со првиот круг од гласањето, потврдуваат од Општинската изборна комисија. 

Според комисјата до 18:30 часот од вкупно запишаните 777 лица со право на глас, гласале 526  или 67,9 отсто. 

Во првиот круг правото на глас до 18:30 часот го оставариле 440 граѓани или 56 отсто од гласачите. 

На ова гласачко место во првиот круг, до 19 часот  правото го искористија 484 или 62,29 отсто.