Македонија
27. August 2016 - 10:14

На граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони.

Внимателно треба да се вози и на делот од патот кај село Близанско, 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. 

АМСМ потсетува дека обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правца, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. 

Патниот правец Скопје - Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за автомобили.