Македонија
12. May 2020 - 14:16

На истокот од земјава има само уште 10 пациенти заболени од Ковид 19 - новозаразени нема

Истокот ја надминува корона кризата. Активните случаи се уште позитивни на Ковид 19 се 10 или само 13 %  од вкупно регистрираните 75. Шеесет и две лица се негативизирани, а тројца пациенти починаа, двајца од Штип и еден од Кочани. Пробиштип и Виница немаат заболени. Во Штип има само двајца, за едниот  се чека втор негативен тест, а во Кочани 5 активни случаи. На инфективното одделение во штипска клиничка се хоспитализрани 6 лица со средна клиничка слика.

Имаме тројца пациенти од Кочани и по еден од Штип, Берово и Пехчево-изјави Ален Георгијев, Директор на Клиничка болница - Штип.

Останатите болнички пациенти за кои се појави сомнеж дека се позитивни, брисевите се праќаат во лаборатоијата во МАНУ.

Буквално истиот ден го добиваме резултатот од МАНУ, за да знаеме како да постапуваме со него и со неговата фамилија, доколку е позитивен- додаде Георгијев.

Од Центарот за јавно здравје информираа дека на пунктот во Здравствениот дом досега се земени 328 брисеви.