Македонија
10. July 2020 - 15:30

На Јутјуб објавена нова аудиоснимка за Јанкулоска и Милошоски

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ денеска е објавена нова снимка. Овојпат главни актери, барем според објавувачот, се ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Повторно од снимката се заклучува дека аудио парчето е дел од нелегално прислушуваните разговори

Разговорот е во контекст на оние објавени пред два дена, кога Јанакиески и Николоски договараат помала сообраќајка за да го блокираат патот и да спречат гласачи Албанци кои пристигнуваат со авион на денот на изборите, да стигнат до гласачките места. Во овој разговор, Јанкулоска повеќе дава инструкции отколку што го прашува Милошоски за мислење, а на крајот решаваат дека сепак ќе биде најдобро да се преврти камион со песок, но и да бидат вклучени повеќе институции (МВР, Царина) за „сите по малку“ да ги задржат гласачите.