Балкан
22. January 2016 - 14:41

На Лезбос заглавени 4.500 бегалци поради штрајкот на грчките морнари

На островот Лезбос денеска се регистрирани нови 2.240 бегалци, соопштија грчките власти.

Вкупно 4.500 мигранти во последните 48 часа се заглавени на Лезбос затоа што бродовите не пловат поради штрајкот на грчките морнари.

Денеска доцна попладне и вечерва се очекува од островот да тргнат два фериботa, кои ќе превезат мигранти и бегалци до Пиреја.