Македонија
21. May 2020 - 19:44

На Македонката која со кола влета во Бугарија и се суди во Ќустендил

Македонката што насилно ја помина границата кон Бугарија и со автомобилот бегаше до влезот на Ќустендил, заврши во притвор. 40-годишната Фросина Д. е обвинета за три кривични дела - Регионалниот суд во Ќустендил ја товари за минување на државна граница без дозвола, попречување на службени лица да ја вршат должноста и предизвикана штета врз возила на полицијата.

„Судот сметаше дека постои основано сомнение дека таа ги сторила кривичните дела и може да побегне или да стори слично кривично дело“ пишува во образложението за изрекување притвор на судот во Ќустендил.

Од службата за односи со јавност, за Сител велат дека обвинетата побарала превод од бугарски на македонски јазик, па судот во Ќустендил обезбедил преведувач. Во текот на судската постапка, обвинетата се бранела со молчење.

Според пишувањата на бугарските медиуми, жената се обидела да влезе во државата минатиот петок преку граничниот премин Гуешево. Управувала автомобил со швајцарски регистрации. Наместо да застане за проверка, таа ја скршила граничната рампа и продолжила да вози. Полицијата ја запрела дури пред влезот на Ќустендил а во броктницата удрила и во две возила на бугарското МВР.