Македонија
1. January 2020 - 10:57

На новогодишната ноќ 29 пијани лица завршиле на Токсикологија

14 годишно дете е најмладиот пациент кој за новогодишната ноќ во алкохолизирана состојба завршил на Токсикологија.
 
Дежурните лекари примиле 29 лица кои претерале со пиењето за време на прославата, но велат сите биле лесни случаи и по неколку часа на Клиника ги пуштиле дома. За среќа, токсиколозите велат синоќа немале пациенти предозирани со психотропни супстанци.
 
Најстариот, пак кој завршил на Токсикологија имал 63 години.
 
Сања Димитровска