На паркингот кај скопски „Холидеј ин“ ќе има згради
На паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува постојниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е под мораториум.
Изминативе десетина дена, просторот на паркингот и околу него се расчистува од времените објекти, а не работи ниту паркингот со кој стопанисуваше АД за Стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Рампите за влез и излез од паркингот се кренати и поставен е натпис слободен влез.
Неделава метежот на овој паркинг, кој е меѓу најомилените на скопјани поради местоположбата во строг центар и бидејќи е од отворен тип, беше вообичаена, а голем дел од граѓаните и не знаеја дека на ова место повеќе нема да постои паркиралиште.
Планот кој сега е под мораториум и се ревидира беше донесен на Советот на Општина Центар на 21 јуни 2007, со кој се предвидува максималната висина на објектите да е до 300 метри. Планот беше донесен по барање на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за да може да го реализираат таканаречениот проект „Менхетн“.
-Деталниот урбанистички план што предвидува изградба на 60 катници на местото на паркингот спроти “Холидеј ин“ е се уште под мораториум. Откако ќе се донесе новиот ревидиран план на овој простор ќе има згради, но Богдановиќ вели дека уште не знае колку објекти ќе има и колкава ќе биде нивната висина, бидејќи планот уште се изготвува., изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
Инаку, вкупниот број на паркинг места на паркингот кај “Холидеј ин” изнесуваше 524 места за лесни коли и 10 за автобуси. Покрај месечни карти, дел од корисниците на овој паркинг имаат и годишни билети. Овој паркинг беше еден од најпрофитабилните во градот.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто