Бизнис
18. April 2016 - 19:38

На полноќ поскапуваат бензините

Нема договор меѓу нафтените компании за стопирање на производството , со цел да се спречи натамошен пад на цената на нафтата.  Најголемите  производитители, членки на ОПЕК, вклучувајќи ја и Русија на состанокот во Доха  одлучија да не  го замрзнат производството  за да се  намали глобалната понудата и со тоа да се зголемат  цените. По оваа вест следуваше пад на цената на светските берзи за над  5%.

Најголемиот производител на нафта во светот,  Саудиска Арабија порача дека се додека нивниот ривал Иран не се приклучи кон договорот – стопирање на производоството нема да има

-Не можеме да соработуваме со нив и да го замрзнеме производството, буидејќи тоа ќе значи воведување санкции кон самите нас.

Во февруари  најголмитемите производители  се договорија да со замрзнат производството да  да спречат пад. По ова следуваше благ раст на цената на нафтата на светските берзи. Но, по вчерашниот состанок, кој траеше само 5 часа – земјите се договорија повторно да се договорат. Наредниот состанок го закажаа во јуни. Сега аналитичарите очекуваат падот на цената на нафтата да продолжи . Следеќји го трендот  изминатите две недели пак, Регулаторната Комисија  кај нас денеска одлучи цената на бензините да се зголеми од половина  до  еден денар, додека на дизелот на остане непроменета.