-->
-->
На полноќ во Србија почна предизборниот молк
-->
Предизборниот молк, во пресрет на парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија, почна на полноќ и трае до затворањето на избирачките места во недела, 21 јуни, во 20 часот.
Изборниот молк значи дека кандидатските листи нема да можат да се рекламираат во традиционалните медиуми, ниту да организираат предизборни митинзи, но социјалните мрежи не подлежат на овие ограничувања, каде што партиите можат да ги продолжат своите изборни активности без пречки.
Вкупно 6.583.665 граѓани на Србија имаат право на глас на парламентарните избори и ќе можат да го користат своето право на глас на 8.385 избирачки места. Изборите ќе ги следат 3.341 домашни и 111 странски набудувачи.
На парламентарните избори ќе учествуваат 21 изборна листа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација