Македонија
16. July 2020 - 11:22

На скопскиот аеродром уапсено 19-годишно момче од Бојане барано со потерница

 На скопскиот аеродром, при влез во државава, вчера во 13:00 часот по извршена проверка на Б.Д.(19) од село Бојане, скопско, било констатирано дека во оперативната евиденција се наоѓал на листата со мерка „апси“ од Одделението за потраги.

Како што е наведено во денешниот полициски билтен, Б.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.