Македонија
2. March 2021 - 11:33

На следниот конгрес ќе го смениме името на партијата, кажа Заев

Денес пред медиумите лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека името на партијата се уште не е сменето поради пречките од пандемијата.

– Откако почна пандемијата досега одржавме само еден онлајн конгрес – вели Заев.

Тој најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.

– Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со Преспанскиот договор – рече Заев.

Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.

Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Македонија.