На Велика Сабота во земјава ќе пристигне Светиот благодатен оган
Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека на 1 мај, кога се празнува Велика Сабота, и во нашата држава, во вечерните часови, ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениума се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота.
По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата.
Директорот на Комисијата Сотировски по доаѓањето светиот оган ќе му го предаде на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје.
-Посакуваме убави празнични мигови на православните верници во татковината и ширум светот и потсетуваме на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од корона вирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив, наведува Комисијата за односи со верските заедници.
Ново на Сител
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот