Началникот на ГШ на АРМ во посета на Армијата на вооружените сили на САД за Европа
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ која престојува во официјална посета на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (УСАРЕУР - Unated States Army Europe) во Визбаден, Германија.
Во текот на денешниот ден, началникот на ГШ на АРМ оствари средба со командантот на УСАРЕУР, генерал-потполковник Фредерик „Бен“ Хоџис со кого разговараше за позитивните резултати од досегашната соработка, заедничкото учество во меѓународни вежби, поддршката во изведување на обуката, зајакнувањето на одбранбените капацитети и зголемувањето на борбената готовност со цел постигнување на потполна интероперабилност со армиите на НАТО земјите членки.
За време на оваа прва официјална посета на еден началник на ГШ на АРМ на командата на УСАРЕУР се одржаа и неколку одвоени состаноци со раководни старешини од командата на кои се разговараше за модалитетите и начинот на заедничкото учество во понатамошните позначајни активности организирани од оваа команда на Армијата на САД.
- Докажаната доверба од досегашниот заеднички настап во активности се потврдува и со постојаните менторирања во изведување на обуката од страна на стручни тимови од УСАРЕУР, учеството на припадници на АРМ во заедничките сили за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“, и вклучување во големите вежби на НАТО во Европа како што беше минатогодишната најголема вежба „Анаконда 16“ но и претстојното учество на „Сајбер гардијан-17“. Меѓусебните средби на највисоко ниво ја изразуваат континуираната поддршка која ја пружа Армијата на САД во остварување на аспирациите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО алијансата, се наведува во соопштението од Генералштабот на АРМ.
Средбата на генерал - потполковник Величковски со генерал-потполковник Хоџис е втора по онаа што се одржа во ноември во Македонија.
Ново на Сител
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола