Над 120 заболени со КОВИД-19 од кои 65 во Скопје
Според информации со кои располага Сител во изминатото деноноќие биле регистрирани над 120 случаи на Ковид-19. Најголем број 107 случаи во Македонија имаше на 16 април, кога се воведе карантин и полициски час.
Од овие 120 најмногу припаѓаат на главниот град каде што се регистрирани 65 нови случаи. Според неофицицијални информации, регистрирани случаи има во сите скопски општини освен во Зелениково и Чучер Сандево каде што нема активни случаи на вирусот.
Најголем број во Скопје има во Чаир 97, по 40 случаи Сарај и Гази Баба, 27 во општина Центар, 20 во општина Карпош. Според денешните бројки најверојатно ново жариште ќе стане Арачиново бидејќи во текот на денешниот ден биле регистрирани 10 случаи кои што се од едно семејство, а досега во последните неколку денови во Арачиново се регистрирани 18 случаи. Сепак овие бројки чекаме да ги потврди Институтот за Јавно здравје.
Од вечерва од 21 часот па се до понеделник до 5 часот наутро повеќе од половина од државата ќе биде во карантин. Во останатите градови ќе има полициски час кој што ќе трае од 16 часот па се до 5 часот изутрина следниот ден. Министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашната прес-конференција посочи дека овие мерки ќе важат до понеделник, и посочи дека овој викенд нема да се оди на гробишта за празникот Задушница.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана