Над 50 лица се повредени во судирите во Звечан по судирот на Србите со косовската полиција и КФОР
Повеќе од 50 граѓани од српска националност се примени во болницата во Севрна Митровица со повреди здобиени по судирот со припадниците на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, во текот на протестите против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јави МИА од Приштина.
Директорот на болницата во Северна Митровица, Златан Елек изјави за медиумите на српски јазик дека таму се примени 53 граѓани со повреди од шок-бомби и солзавец.
Тројца од повредените се задржани во болница, а еден од нив, според Елек, е во животна опасност.
Порталот на албански јазик „Газета Експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека двајца етнички Срби, од кои едниот е идентификуван како Драгиша Галјак, се тешко повредени и сместени на интензивна нега.
Неофицијално, повредени се и околу дваесет припадници на КФОР, а министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани соопшти дека се повредени 11 војници од таа земја, од кои тројца потешко, но не се во животна опасност.
Амбасадорите на западните земји акредитирани во Приштина побараа смирување на тензиите и им изразија поддршка на силите на КФОР.
Ново на Сител
-
Анализа: Зошто партиите не ги објавуваат претседателските кандидати порано, туку пред избори?
-
Крадец се засолнил во училиште, настанала паника
-
Teма на денот со Весна Јаневска
-
Заврши распитот на Стојков, за Димковски отворена истражна постапка
-
Во Македонија има епидемија на корупција, ќе има нови имиња на црната листа, кажа Агелер
-
Ковачевски: Јас ќе формирам Влада, а нашиот кандидат за претседател ќе победи на изборите
-
Ќе бидеме робови во сопствената држава ако странци ни ја управуваат струјата, велат експертите
-
Најдени рецензенти, учебници по историја уште нема