Loading Video...
Балкан
23. May 2020 - 19:45

Над 500 плажи во Грција повторно се отворени за граѓаните

Над 500 плажи ширум Грција повторно се отворени за граѓаните, кои со нетрпение го чекале овој момент. Минатиот викенд плажите во Атина биле преполни бидејќи тоа бил првиот потопол викенд во Грција, а за овој се предвидува топлотен бран и температури од 39 степени целзиусови. Токму топлото време, го натерало Грците да ги посетат тамошните плажи, а за многумина ова било прво излегување на јавно место по изолацијата. Од присутните се бара да држат сигурносна дистанца, а чадорите мора да бидат поставени на 4 метри оддалеченост. На 1.000 метри квадратни дозволено е да престојуваат само 40 луѓе.

Од утре во Албанија се отвораат сите џамии и цркви и ќе продолжат со нивните верски активности. Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на фејсбук напиша „со среќна нога на овој убав ден од верскиот календар“.

Честитајќи им го на муслиманските верници утрешниот голем празник Рамазан (Фитер) Бајрам, премиерот Рама, исто така, посака отворањето на џамиите (под голема грижа на духовните водачи на заедницата за почитување на протоколот предложен од самите нив) да биде „добар знак за мир и благосостојба за сите заедници и самата Албанија и Албанците во ова тешко време“.