Бизнис
3. December 2015 - 19:54

Над 80 компании бараа работници на саемот за вработување во Скопје

Над 80 компании бараа работници на саемот за вработување во Скопје. Невработените имаа можност да се информираат кои занимања се најбарани на пазарот на трудот,а работодавачите да си најдат соодветен кадар. Се очекува бројката од 600 лица кои лани директно се вработиле преку саемите да биде надмината.

 Фирмите имаа можност да се информираат кои мерки и обуки им се достапни наредната година. Државата за нив има издвоено над 710 милиони денари.

Директорот на АВРМ потенцираше дека саемите се одлична можност за младите да се информираат кои занимања се најбарани, соодветно да го насочат своето образование, и полесно да се вработат.

Годинава заклучно со седмиот саем во Куманово околу 4000 лица ги оставиле своите ЦВ, а на интервју биле повикани над 900. Директно се вработиле 228 лица а во наредниот месец ќе бидат вработени уште 290.