Балкан
23. January 2022 - 8:22

Над една третина од тестираните позитивни на Ковид-19 во Албанија

Над една третина од тестираните, во последното деноноќие во Албанија, биле позитивни на Ковид-19, информираше Министерството за здравство.

-Продолжуваат рекордните бројки на новозаразени на дневно ниво, што е последица на непочитувањето на мерките и протоколите. Во последното деноноќие опасниот вирус е потврден кај 2.230 граѓани, што е 33,7 отсто од тестираните. Апелираме на строго почитување на мерките за заштита и што поитна имунизација, стои во соопштението на министерството.

Според истиот извор се зголемува и бројот на оние на кои им е неопходен болнички третман.

Во земјата во последните три недели, бројот на заразени на дневно ниво, во просек е 2.200 лица, главно заразени со омикрон.