Loading Video...
Тенис
22. January 2019 - 13:49

Надал - Циципас и Квитова – Барти во полуфиналето на АО

Во Мелбурн полека се ближиме кон завршницата на првиот Гренд Слем годинава Австралија Опен.
 
Рафаел Надал и Стефанос Циципас ја сочинуваат првата полуфинална двојка во машка конкуренција. 
 
2-носител Надал со максимални 3:0 во сетови во четвртфиналето го совлада Американецот Тиафо, додека неговиот противник Гркот, Циципас, кој на патот до полуфиналето го елиминира минатогодишниот победник Роџер Федерер, во четвртфиналето беше подобар од Шпанецот, Роберто Баутиста Агут
 
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите меѓу (2.носител) Новак Ѓоковиќ и Јапонецот, Кеи Нишикори (8),односно Канаѓанецот, Милош Раониќ и Лукас Пуиле од Франција. 
 
Кај дамите. 
 
За место во полуфиналето се изборија, 8-та носителка Петра Квитова од Чешка која со 2:0 ја победи домашната тенисерка Барти и Американката, Колинс која во три сета беше подобра од Павњученкова од Русија. 
 
Во преостанатите два четвртфинални меча утре ќе играат(4) Наоми Осака од Јапонија и Украинката, Елина Свитолина (6), односно Американката, Серена Вилијамс која за противничка ќе ја има (7) Каролина Плишкова од Чешка.