Македонија
12. May 2020 - 16:42

Надгробна плоча на улица, втисната во асфалт ги вознемири жителите на Волково

Надгробна плоча „никна“ среде улица. Жителите на улицата 31 во скопско Волково биле сведоци на оваа морбидна слика по последните дождови деновиве.

-Улицата со број „31“ била тампонирана во декември. Мештаните тврдат дека надгробната плоча се појавила од скоро, а претпоставуваат дека тука завршила при извршувањето на градежните работи. 

„Донесен е, тука никогаш не постоле гробишта. Но според натписот на плочата мислам дека станува збор за стар жител“, Стевковски Јордан. 

„Кога го фрлале асфалтот можеби е донесена и плочата. Овде никогаш гробни места и цркви немало“, вели Мирослав Тодоровски, жител на улицата „31“.

Ниту на надлежните не им е јасно како оваа надгробна плоча се нашла среде улица. Изутрината полициски службеници и инспектори од општина Ѓорче Петров вршеле увид, а според наши извори, констатирано е дека плочата била алсфалтирана во самата улица.

Од општината велат дека станува збор за тенденциозен и монтиран случај.

-Гребениот асфалт е поставен на почетокот на декември 2019 година и досега никој не ја пријавил. Ниту службите кои изршуваат секојдневна работа во тој дел од Ѓорче Петров не ја забележале. Свесни сме дека тенденцијата е да се одвлече вниманието од големите капитални проекти на кои во моменто работиме и ги завршуваме, велат од Ѓорче Петров.

Екипа од општината по пристигнувањето на нашата камера се појави на местото и ја отстрани надгробната плоча.