Надојде Поројска река, еден мост однесен, друг сериозно оштетен
Еден дрвен мост е целосно однесен, а уште еден е сериозно оштетен по невремето што го зафати Полошко поради што надојде Поројска река, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Овие два дрвени мостови кои минуваат низ селото Порој беа целосно реконструирани од страна на инженерските единици на АРМ по поголемите поплави што го зафати регионот во 2015 година.
Освен овие мостови засега во тетовската полиција нема пријавено друга материјална штета и нема пријавени повредени лица од последиците од невремето.
Поради излевањето на Поројска река со наноси кал, земја и камења во висина од метар до метар и половина е прекинат сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце на мостот од Поројска река што минува под патот.
Екипи на тетовската локална самоуправа, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и полицијата заедно со потребната механизација се на терен и се преземаат мерки за отстранување на наносите и санирање на последиците од невремето и нормализирање на сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце што минува покрај Порој, а кој сега е во прекин и се пренасочува по други сообраќајници, потврди Јосифовски.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите