Македонија
24. November 2021 - 16:53

Најголем дел од жртвите се од Студеничани и Чаир

Ни преспиената ноќ не донесе мир и утеха меѓу жителите на скопско Студеничани. И денеска како нож сече помислата дека дваесеттина нивни роднини, сограѓани, соседи кои трагично ги загубија животите враќајки се од Истамбул. Наместо денеска да се видат со нив, да слушнат како си поминале на викенд патувањето, тие се во неизвеснот кога телата  ќе бидат донесени дома.

Во исчекување е и Фати Исени кој во ист ден загуби четворица блиски. Не постојат зборови со кои може да се опише тага кога ја чувстува, вели тој.

Меѓи настраданите има цели семејста. Маж и жена, мајки со деца. Загинаа и учителка и нејзината ќерка. Поради тоа денеска  во училиштето Наим Фрашери, настава беше скратена. Колегите на починатата ќе ја паметат само по добри нешта. Лош збор нема ниту директорот, кој се потсети на последната средба кој ја имале пред наставничката со ќерка си да  да замине  за Истамбул.

Болката е огромна и за првиот човек на општината Садики. Тој вели дека се разгледуваат можностите со кои општината би им помогнала на семејствата на настраданите.