Македонија
28. September 2021 - 16:30

Најголем интерес за вакцини во Неготино, најмал во Гостивар

Трета доза вакцина против Ковид вчера примиле 69 граѓани, соопштија од Министерството за здравство. Меѓу вакцинираните со „бустер” се здравствени работници и постари од 60 години кои двете дози ги примиле во странство бидејќи кај лицата на оваа возраст кои се имунизирани во земјава не се поминати 6 месеци.

Од МЗ информираа дека по градови и понатаму најмногу вакцинирани има во Неготино, Кавадарци, Охрид, Гевгелија, над 60 проценти, а најмалку помеѓу 30 и 40 отсто има во Гостивар, Виница, Куманово, Струмица.
Инаку, според последните податоци најмалку една доза вакцина во земјава примиле 46,9 проценти од полнолетното население. Најмал е опфатот кај возрасната група од 18-39 години, но токму помлади лица се почесто можат да се видат пред вакциналните пунктови овој период.

- Да има зголемен интерес кај младите овој период, бидејќи релативно повозрасната популација веќе е опфатена. Во моментот за прва доза во Поликлиника Букурешт на располагање ја имаме вакцината на Фајзер, изјави д-р Даниела Николовска Христова, Здравствен дом – Скопје

Неодамна здравствените власти најавија дека од средината на октомври во угостителски објекти, молови и на настани ќе може да се влезе само со две примени дози, наместо како досега само со една вакцина.