Македонија
17. October 2021 - 13:45

Најголема излезност во Новаци до 13 часот, гласале 43,6 проценти од вкупниот број избирачи

Непречено и демократски се одвива изборниот процес во Општина Новаци каде се гласа на 24 избирачки места.

-До 13 часот во Општина Новаци гласале 1.252 лица или 43,6 проценти од вкупно 2.868 избирачи регистрирани во Единствениот избирачки список, изјави Благој Петровски, претседател на ОИК-Новаци.

На Локалните избори во Новаци евидентирани се три кандидати за градоначалник и пет листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.