Најголемиот музички фестивал во регионот „Егзит“ сепак нема да се одржи оваа година
Најголемиот музички фестивал во регионот „Егзит“, сепак, нема да се одржи оваа година, откако првично беше префрлен од јули во август.
„Имајќи предвид дека епидемиолошката ситуација во земјата во меѓувреме не се подобри, а здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот ни се на прво место, ве известуваме дека 20. издание на ‘Егзит‘ дефинитивно нема да се одржи од 13 до 16 август на Петроварадинската тврдина“, соопштија организаторите.
Српската влада во мај донесе одлука за поместување, а не за целосно откажување на годинашниот „Егзит“, но на еден месец до неговиот почеток, во Србија повторно се зголемува бројот на заразени со коронавирус и на сила е забраната за големи јавни собири.
Организаторите кажаа дека до крајот на месецот ќе ги објават датумите за „Егзит 2021“.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана