-->
-->
Најгрдиот тигар на светот, поради одгледување бил деформиран!
-->
Кени бил толку грд што одгледувачите не можеле да го продадат. Го чувале во валкано живеалиште. Спасен е и животот го минал во засолниште.
Кени е бел тигар, кој е спасен во 2000-та година од приватен одгледувач во Арканзас. По спасувањето тој живеел во засолниште. Роден е со кратка муцка, широко лице, испакнати заби. Не изгледал убаво, па не можеле да го продадат, поради тоа го чувале во валкан кафез.
Само еден од 10.000 тигри се раѓа со бело крзно.
Ретки се па се многу популарни за одгледување. Но, ваквите одгледуања често доведуваат до разни деформитети како што се слаб имунолошки систем и деформации на очите. Леглата имаат смртност од 80 проценти, а тигрите кои потекнуваат од одгледувани легла живеат се пократко. Американското зоолошко здружение уште во 2011 година го забранило одгледувањето на белите тигри. Сепак оваа пракса на одгледување на бели тигри продолжила кај приватните одгледувачи.
Во истото засолниште во кое бил бил пронајден Кени пронајден е и бенгалскиот тигар Вили кој има деформација на очите. Се верува дека тој е брат на Кени, а деформациите дека се последица од размножувањето.
- Тие не се вид, не треба да се одгледуваат и размножуваат, не треба да постојат, а одгледувачите ги уверуваат луѓето дека им требаат пари за да ги зачуваат бели тигри - вели Сусан Бас портпаролка на засолниште за мачки во Флорида.
- Од 30 можеби еден ќе биде совршен бел тигар. Што се случува со останатите 29? Ги напуштаат, ги убиваат, никој не знае - вели Сусан. Кени имал среќа, живеел во засолништето до 2008 кога починал од меланом, пренесува Деили Меил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол