Свет
12. February 2021 - 15:57

Најмалку 12 жртви во пожар во фабрика во Индија

Најмалку 12 лица загинаа во пожар што денеска избувна во фабрика за огномет во јужната индиска држава Тамил Наду, соопшти локалната полиција.

Регионалниот полициски службеник Раџа Нарајанан изјави дека во тек е истрага за да се открие што го предизвикало пожарот во селото Аханкулам, каде што се наоѓа фабриката.

– 12 лица починаа, а 26 се хоспитализирани по несреќата во фабриката, информира Нарајанан.