Свет
30. September 2019 - 8:32

Најмалку 18 жртви во сообраќајка во Боливија

Најмалку 18 луѓе загинаа, а 17 се повредени кога камион се превртел на пат во јужна Боливија, јавија локалните медиуми.

Според првичните информации, причина за несреќата е пребрзо возење.

Камионот превезувал луѓе од рударското место Љаљага.