Свет
16. October 2021 - 8:55

Најмалку 41 загинати во силната експлозија во шиитската џамија во Кандахар

Во вчерашниот самоубиствен напад за време на петочната молитва во шиитска џамија во Кандахар загинаа 41 човек.

Претходно портпаролот на централната болница во Кандахар изјави дека по експлозијата донесени се 50 повредени лица.

Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Сличен напад пред една недела беше изведен врз џамија во Кундуз, при што загинаа најмалку 60 луѓе, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.