Балкан
10. August 2016 - 22:29

Најмалку четири лица загинаа во експлозија пред болница во Турција

Најмалку четири лица загинаа во експлозија пред болница Кзлтепе. во турскиот округ Мардин, југоисточна Турција, јавија локалните медиуми.

Во инцидентот повредени се околу 25 лица, меѓу кои и полицајци.

Турски безбденоси власти тврдат дека нападот бил изведен од припадници на Курдската работничка партија (ПКК), а насочен против полицајците стационирани во близина на болницата. 

Полицијата го блокира реонот и трага по сторителите.