Балкан
8. January 2016 - 12:05

Најмалку четири лица загинаа во судар на автобус со бегалци во Турција

Четири лица загинаа, а 30 се повредени на северот на Турција во судар на автомобил со автобус со бегалци кои патувале кон Грција, јавија турски медиуми. 

Анадолија наведува дека во автобусот се наоѓале бегалци од Сирија, Авганистан и Мјанмар.

Нивниот автобус на мостот во провинцијата Чанаккале се судрил со автомобил и паднал во река.

Во сударот загинале две лица од автобусот, како и двајца патници на автомобилот.

Бегалците патувале кон северниот турски брег на Егејското Море, од каде требало да се обидат да се префрлат до грчкиот остров Лезбос.