Најмалку една жртва во руски напад врз Киев
Украинските сили за противвоздушна одбрана уништија повеќе од 20 беспилотни летала во воздушните напади кои Русија ги изврши врз Киев во раните утрински часови, соопштија украинските воени власти.
Денеска во раните утрински часови Русија започна нов бран напади врз Киев, при што најмалку едно лице загина, а четворица се повредени.
Нарекувајќи го „масовен“ напад извршен во неколку бранови, шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко, на Телеграм соопшти дека Русија го извршила нападот користејќи само дронови Шахед од иранско производство.
Тоа беше трет напад врз главниот град на Украина во последните 24 часа. Не е познато колку вкупно дронови лансирала Русија.
Денешните напади беа 17-ти руски воздушен напад врз Киев овој месец и дојде откако градот вчера беше нападнат двапати, вклучително и невообичаениот напад во текот на денот.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата