Најмалку едно лице загина, а 62 се повредени во пожар во Анталија
Најмалку едно лице загина во пожар во близина на туристичкиот град Манавгат во Анталија, Турција, соопштија властите. Според Си -Ен -Ен, 62 лица побарале лекарска помош.
Пожарот, кој изби поради големата горештина во регионот, се случи вчера околу пладне во најблиската шума до Манавгат. Брзо се рашири поради силниот ветер и сѐ уште не е целосно ставен под контрола. Администрацијата на Анталија истакна дека ова е најсилниот пожар со кој се соочиле.
Пакдемирли рече дека 82-годишен маж е пронајден мртов за време на евакуацијата на областа Кепезбелени, 16 километри северо-источно од Манавгат, а 10 лица се заглавени во близина на браната Ојмапинар, рече тој. Единици се обидуваат да ги спасат луѓето, рече Пакдермирли.
Властите евакуираа 18 села и области во Анталија додека уште 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин, додаде турскиот министер.
Сите туристички екскурзии во овој регион се суспендирани се додека не се нормализира состојбата. Пожарот не претставува опасност за туристичките места.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска