Свет
23. September 2019 - 10:41

Најмалку седум ученици загинаа во несреќа во Кенија

Најмалку седум ученици загинаа, а 57 се повредени при уривање на една училница во училиште во Најроби, главниот град на Кенија.

Портпаролот на кениската Влада го потврди бројот на жртви и повредени.

Локалната телевизија објави снимки на кои се гледа како припадници на Црвениот крст ги пребаруваат урнатините на училиштето.