Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
Најмалку три лица загинаа во експлозии во долината Бека во источен Либан, јави попладнево либанската државна новинска агенција, а безбедносни извори изјавија дека стотици луѓе се ранети во серија нови експлозии ширум земјата.
Рачни радио апарати користени од членовите на Хезболах биле детонирани на југот на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут, изјавија безбедносни извори и очевидци.
Најмалку една експлозија се случила во близина на местото на погребот организиран од проиранскиот Хезболах за луѓето кои загинаа вчера при експлозија на илјадници пејџери што ги користеле членовите на организацијата.
„Неколку токи – воки експлодираа во јужните предградија на Бејрут“, изјави неименуван извор, а спасувачите ја потврдија експлозијата на такви уреди во две возила.
Израел беше обвинет за вчерашните експлозии на пејџери во кои загинаа 12 лица, меѓу кои и едно дете. Израелските лидери не го коментираа инцидентот, јавуваат израелските медиуми.
Либански безбедносни извори соопштија дека радио апаратите што експлодираа денеска се купени пред пет месеци во исто време со пејџерите.
Ново на Сител
-
Превртен автомобил во сообраќајка на мостот Гоце Делчев | ФОТО
-
Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваме да се реализираат големи инвестиции
-
Сообраќајот на Плетвар се одвива по една лента поради опожарено возило
-
Криминалец осуден на 13 години затвор фатен и приведен по претходно бегство од затвор
-
Мајкрософт: Русија, Кина и Иран се во брак со кибер-криминалците за да им наштетат на САД и сојзниците
-
Земјотрес регистриран во попладневните часови во Македонија
-
Почина Жика, 16-годишниот лав во скопска ЗОО
-
Уапсени четворица криумчари во Грција – наплатиле по околу 8.500 евра по мигрант за да ги пренесат од Турција до Италија