-->
-->
Најмладите пинпонгари на европски камп во Будимпешта
-->
Александар Јакимовски, Сара Стојановска и Лука Стојчев придружувани од тренерот, професорот Сашко Богатинов учествуваат на пинг понгарски камп во Унгарија На пинг понгарскиот камп учествуваат вкупно 76 играчи од 24 Европски држави. Кампот е од изборен карактер, при што врз база на оценување на играчите според однапред поставени критериуми ќе бидат избрани 20 играчи кои понатаму ќе учествуваат на понапредни кампови под покровителство на ИТТФ.
Испраќањето на Александар, Сара и Лука е само почеток на реализацијата на планот на ППФМ за инвестирање во напредокот на младите играчи, со крајна цел во иднина Македонската репрезентација да биде конкурентна на натпреварувањата на ниво на Балкански и Европски натпреварувања.
На следниот камп кој што ќе се одржи во Хрватска ППФМ ќе испрати друга група на играчи.
И во иднина ППФМ ќе продолжи со организирање на учество на играчи на пинг понг кампови водени од еминентни тренери кои се признати на Европско и светско ниво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност