Најмногу дожд во Маврови Анови

Најниска температура од 1 степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Берово, Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе со 4 степени, 6 Претор, 7 Крива Паланка, 8 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Демир Капија, Кавадарци, Струмица, 10 Велес и 11 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.
Според количината на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот утрово од 30 литри на метар квадратен се регистрирани во Маврови Анови, потоа 24 л/м2 во Демир Капија, 20 Битола, Крушево, 18 Гевгелија, 14 Кавадарци, 12 Пожаране, 10 Скопје-Петровец, Претор, Велес, 9 Лазарополе, 8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, 6 Тополчани, 5 Пожар-Радовиш, 3 Берово, 2 Охрид, Штип, Струмица и 1 л/м2 во Виница и Ѓуриште.
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, попладне врнежите ќе престанат а облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.
Во Скопје, облачно, претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе присуствува на Комисијата за човекови права закажана по барање на родителите на загинатите во Кочани
-

Стартува пленарната расправа за буџетот за следната година
-

Преку онлајн иницијатива СДСМ ќе се бори против отворање на мигрантски кампови во Македонија
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
