Македонија
31. August 2020 - 15:38

Најпосакувано сценарио на Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата, реагираат од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите, реагираат од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да си поднесе оставка.

Иницијативниот одбор, во својата реакација, го поздравува тоа што Мицкоски, реши да го прекине молкот и неговото исчезнување и криење од јавноста, но исто така, изразуваат и жалење што, после исполнувањето на вториот услов за оставка – неформирање влада,  не собра храброст и демократски капацитет да ја понуди својата оставка пред членството на партијата.

– Членството најдобро знае дека единствен виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер е Христијан Мицкоски. Човек што нема храброст да заземе став по ниедно прашање, човек што се крие на денот на избори и не им се заблагодарува на оние кои трчале за него, нема капацитет да го води ВМРО ДПМНЕ, се вели во реакцијата од Иницијатвиниот одбор за свикување на вонреден конгрес.

Мицкоски, стои во реакцијата, пред изборите тврдеше дека според навигацијата што ја имал и релевантните анкети, ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ, додека на изборите се виде дека или лажел, или немал харизма за да ја материјализира таа предност или едноставно се договорил и му ја подарил победата на Зоран Заев.

– Што и да е, подеднакво е лошо и недозволиво за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите. Тоа не е опција, нагласуваат од  ни за членството, ни за Македонија, се вели во реакцијата.

На крајот, од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгресВМРО-ДПМНЕ. посочуваат дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде сериозна алтернатива и ќе го совлада Заев.