Живот
30. December 2016 - 0:14

Највисокиот мост во светот е отворен за сообраќај

Мостот со висина од 565 метри во југозападна Кина, за што кинеските државни медиуми тврдат дека е највисок во светот, денеска е отворен за сообраќај. 

Мостот „Бејпанџанг“, со должина од 1,34 километри, ги спојува градот Сјуанвеј во провинцијата Јунан и округот Шуиценг во покраината Гуејџоу. 

Изградбата на мостот траеше три години, а во него се вложени околу 140 милиони долари, јави Централната телевизија на Кина (ЦЦТВ).