Намален вкупниот промет во индустријата
Во јули годинава вкупниот промет во индустријата е намален за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец при што прометот на домашниот пазар е зголемен за 2,1 отсто, а на странските пазари е намален за 0,9 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,7 отсто, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,4, Капитални производи за 1,3 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто.
Вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 4,9 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, пак, во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16,2 отсто.
При тоа прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е зголемен за 3,8 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 1,5 отсто.
За разлика од него, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 отсто, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,7 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,7 отсто и Капитални производи за 1 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 9,7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 5,9 отсто.
Ново на Сител
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
